Meнаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, сака да го ангажира во текот на летото напаѓачот на Волфсбург, Мохамед Амура, велат денешните информации од Англија.
24-годишниот Алжирец е во сопственост на белгискиот клуб Ројал Унион но, игра како позајмен во германскиот состав.
Тој на 24 натпревари во Бундеслигата постигна 10 голови и направи 8 асистенции. Се проценува дека неговиот потпис вреди околу 30 милиони евра.

