Претседателот на фудбалскиoт состав Интер, Џузепе Марота, вели дека „нероаѕурите“ ќе се борат за сите трофеи до крајот на сезоната.
„Нема да зборувам за тројна круна но, наша приоритетна цел е да имаме важна улога бидејќи историјата на овој клуб нè обврзува да бидеме меѓу претендентите“ – рече Марота.
„Мораме да му оддадеме признание на тренерот и неговиот персонал, бидејќи тие прават одлични работи“ – рече Марота.

