Пивотменот од Полска, Виктор Јанковски, се согласил да дојде во Скопје и од наредната сезона да го носи дресот на ракометниот состав Вардар, објавија „црвено-црните“ на официјалниот веб-портал на клубот.
23-годишниот играч кој е висок 200 сантиметри треба да биде големо засилување како во нападот така и во одбраната. Тој во моментов игра за полскиот состав Квиџин а претходно бил дел и од екипата на Висла во Лигата на шампионите.
Јанковски во последниве неколку години се појавува на поширокиот список на селекцијата на Полска

