Одбојкарите на Штип УГД славеа во првото полуфинале на Ф4 турнирот од Купот на ОФМ кој денеска почна во Радовиш. Бранителот на трофејот со максимални 3:0 (25:13, 25:22, 25:20) беше подобар од екипата на Работнички.
Штипјани во трите сета покажаа дека се подобар ривал и сега ќе го очекуваат противникот за финалниот меч в сабота. Во второто полуфинале вечерва ќе играат Струмица и Борец.
Утре во Радовиш стартува и полуфиналниот дел од мечевите на женскиот турнир.

