Актуелниот одбојкарски првак на Македонија, екипата на Струмица е втор финалист во Купот на Македонија. Во второто полуфинале вечерва во рамките на Ф4 турнирот во Радовиш, Струмица со максимални 3:0 (25:13, 25:18, 25:18) славеше над екипата на ГОК Борец и обезбеди ново куп-финале.
Во саботното финале во Радовиш, Струмица за противник ќе го има Штип УГД, кој денеска во првиот полуфинален дуел беше подобар од Работнички. Инаку, саботното финале ќе биде реприза на лаското куп-финале, кога Штип УГД направи сензација победувајќи го струмичкиот состав.

