Екипите на Јанта Волеј и Наковски Волеј ќе играат во финалето во женска конкуренција во одбојкарскиот Куп на Македонија.
Наковски Волеј ја потврди фаворитската улога против Фит Фан Волеј со 3-0 со 25:14, 25:21, 25:18 додека Јанта Волеј беше подобар од Работнички со 3-0 (26:24, 25:11, 25:19)
Финалните мечеви во двете конкуренции се закажани за в сабота. Од 16.00 ќе играат Јанта Волеј и Наковски Волеј додека од 19.00 часот кај мажите ќе се сретнат Штип УГД и Струмица.

