Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, официјално објави дека ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.
Договорот на ветеранот истекува на лето и нема да биде обновен. Во писмото до навивачите на тимот, напаѓачот откри дека раководството на Баерн не покренало никакви преговори за евентуално продолжување на договорот меѓу двете страни.
Милер ги бранеше боите на Баерн Минхен цели 25 години, во кои одигра преку 700 натпревари за првиот тим и успеа да освои над 20 трофеи.
„Денес е сè освен нормален ден за мене. Моите долги 25 години како играч на Баерн Минхен ќе завршат во текот на летото. Тоа беше неверојатно патување полно со уникатни искуства, одлични натпревари и незаборавни триумфи. Оваа посебна врска со клубот и нашите фантастични навивачи ќе остане засекогаш. Она што сакам во збогувањето е да славиме заедно, а ќе останат позитивни титули за мене во долго време. Ќе дадеме се од себе во следните недели да ја вратиме титулата во Минхен“, напиша Томас Милер.
Раководството на Баерн Минен ја потврди оваа информација и додаде дека со Томас Милер постигнале договор играчот да учествува на претстојното Светско клупско првенство кое на лето ќе се одржи во САД, а потоа да го напушти клубот.

