Одбојкарите на Штип УГД ја одбранија титулата во Купот на Македонија откако во реприза на ланското финале успеаа да слават над Струмица во три сета (25:21, 26:24, 25:21) и така дојдоа до второто одличје во низа во ова натпреварување.
Ова е голем успех за Штип УГД, кој најавува атак и кандидатура за „двојната круна“ на домашната сцена.
Штопјани доминираа во првиот сет кој го добија со 25:21, во вториот сет мораше да се игра на разлика, но Штип УГД пповторно беше подобар и славеше со 26:24. Во третиот сет екипата на Струмица почна добро, но не издржа и Штип УГД направи пресврт кој знаеше д аго сочува до крај и со убедливи 25:21 да го доведе натпреварот кон крај.
Кај победникот, со 17 поени заврши Задмард, осум поени имаше Багаев, додека седум поени додаде Стојанов, а кај Струмица, девет поени даде Кинтеро, а по осум имаа Лепидовски и Нилсен.

