Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои четвртото место на полумаратонската трка која се одржа во Белград.
Ивановски ја истрча полумаратонската патека од нешто повеќе од 21 километар со време од 1:07,22 часа и тоа беше доволно за пласман на четвртата позиција.
Македонскиот маратонец одлично се носеше со водечките маратонци од Африка.
На првото место во полумаратонот заврши Муалуко Михаел од Кенија, а втор и трет завршија браќата Гемеда.
Овој полумаратон беше загревање за Дарио Ивановски за она што следува, а тоа е настапот на Европското првенство во Брисел на 13 април.

