Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Тенис»Македонските тенисерки ги дознаа противничките за натпреварите од Били Џин Кинг купот
    Тенис

    Македонските тенисерки ги дознаа противничките за натпреварите од Били Џин Кинг купот

    risteBy riste06/04/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската женска тениска репрезентација денеска во Ларнака ги дозна противничките во рамки на натпреварите од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Македонија се најде во групата Ц со селекциите на: Норвешка (носител), Јужна Африка и Косово.

    Во првото коло македонските тенисерки утре ќе играат против репрезентацијата на Јужна Африка. Репрезентацијата на Јужна Африка се наоѓа на 85. место на ранг листата на БЏК купот и ланската сезона како најуспешна селеција од Третата зоната од Африка успеа да избори пласман во Втората зона. Составот на оваа селекција е малку познат и го сочинуваат: Џани Ван Зил, Дона Ле Ру, Мари-Луи Ван Зил, Кејтлин Рамдут, Абигајел Восло. Според програмата се играат прво двата сингл меча, а потоа следува мечот во двојки.

    Врз основа на резултатите од првото коло ќе се одредат и двојките за следниот ден (вторник) кога ќе се играат мечевите од второто коло, додека мечевите од третото коло на програмата се во среда.

    Во групата А се наоѓаат репрезентациите на: Бугарија, Египет и Израел, додека во групата Б се селекциите на: Естонија, Грузија, Босна и Херцеговина и Кипар (домаќин).

    Трите првопласирани репрезентации од групите ќе продолжат во борба за двете први места што ќе значи и промоција (пласман) во Првата Евро-африканска зона за следната година. Второпласираните репрезентации од групите ќе продолжат да разигруваат за пласман од 4-6.место, а третопласираните ќе разигруваат за пласман од 7-9.место.

    Двете четвртопласирани селекции во групите со четири репрезентации ќе испаднат од Втората Евро-африканска зона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Монфис ќе има нова улога во тенисот

    07/11/2026

    По 13 години Лина Ѓорческа ќе добие нов тренер, Лабудовиќ ја објави разделбата!

    05/11/2026

    Јаник Синер се повлекува од Мастерс турнирот во Шангај

    03/10/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.