Запрашан за серијата без постигнат гол во дресот на Ливерпул на првата ѕвезда, Мо Салах, менаџерот на „црвените“, Арне Слот вели:
„Луѓето зборуваат за тоа и можеби тој треба да го гледа како комплимент бидејќи кога постигнуваше редовно гол неговата статистика беше извонредна. Доброто кај Мо е тоа што знае каков играч е. Мо повторно ќе се докаже, не сум загрижен за тоа“, изјави тренерот на Ливерпул.
На 31 натпревар од сезоната во Премиер лигата , Салах има 27 гола и 17 асистенции.

