Напаѓачот на Милан, Тами Абрахам, проценува дека „росонерите“ се подготвени да направат одличен финиш на сезоната и да се изборат за место во европските фудбалски купови за наредната сезона.
„Секој натпревар ќе биде како финале и ќе има големо значење. Милан секогаш има амбиции да игра во меѓународната конкуренција и да освојува трофеи“ – рече Абрахам.
Неговиот тим по 31 коло во Серија „А“ се наоѓа дури на 9-то место на табелата со теоретски шанси да избори евро-виза.

