Легендарниот фудбалер, Гери Невил, проценува дека тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, мора да купи најмалку 4-5 играчи ако сака да ја користи неговата омилена шема со тројца напаѓачи.
„ Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјаер и Ерик тен Хаг дојдоа со намера да играат фудбал со висок пресинг, но, на крајот сите се потпираа на дефанзива. Аморим виде дека го нема потребниот квалитет“ – рече Невил.
„Мислам дека ќе мора да купат повеќе играчи доколку сакаат да бидат добри во напаѓачка формација“ – потенцираше Невил.

