Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, кој е на позајмица во Челзи, нема да остане кај Манчестер Јунајтед доколку се врати. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа „Х“.
Според изворот, Англичанецот нема иднина во тимот се додека негов тренер е Рубен Аморим. Челзи има обврска да го купи Санчо за 29 милиони евра, но сините можат да платат казна од 5,8 милиони евра за да не го активираат откупот на играчот.
Сеуште нема точни информации каква одлука ќе донесе Челзи во врска со играчот. Санчо (25) му се приклучи на Манчестер Јунајтед во летото 2021 година. На 83 натпревари за тимот, тој има 12 гола и шест асистенции.

