Деклан Рајс беше херојот на Арсенал во дуелот против Реал Мадрид откако успеа да постигне два гола од слободен удар. До синоќешниот натпревар, Рајс никогаш немаше погодено директно од слободен удар, а против Кралскиот клуб упати два удари кои завршија во мрежата на Тибо Куртоа.
По мечот, Рајс не можеше да објасни како се чувствува, но раскажа што се случувало пред да ги изведе двата шута од слободен удар.
„Останав без зборови. Не знам дали ќе дадам уште еден таков гол, иако ударите ги упатив со голема самодоверба. Пред првиот шут, Мартин (Одегард) предложи да нафрлам, но му реков дека нема смисла, иако и тренерот ми го кажа истото. Но Букајо ми рече: Ако веруваш, обиди се. Гледав во живиот ѕид и мислев дека може да ја свртам топката да заврши во гол“ – објасни Рајс.
„Во втората ситуација, растојанието беше навистина големо, но решив да се обидам повторно, особено затоа што претходно имав гол. Немав што да загубам. Мислам дека сè уште не сфаќам што направив“, изјави двојниот стрелец за Арсенал.
„Во реваншот нема да се браниме. Ќе напаѓаме затоа што сакаме да стигнеме до полуфиналето и да го освоиме турнирот. Сепак, имаме уште еден меч и дури потоа ќе размислуваме за иднината“, заврши Деклан Рајс.

