Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, по вчерашниот пораз на домашен терен од Интер со 2-1 во првиот меч од 1 / 4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека тоа е само прво полувреме од двомечот.
„Мислам дека добро го започнавме натпреварот и бевме доминантни. Имавме многу добри шанси за голови. Доминиравме и во вториот дел. Сега мора да победиме во Милано“ – изјави Компани.
„Реваншот ќе биде различен. Кога создаваме шанси, обично постигнуваме два или три гола. Секако дека секогаш одиме на победа“ – потенцираше Компани. Реваншот ќе се одигра на 16 април во Милано

