Нашата женска тениска репрезентација ја забележа и втората победа во групата Ц од Втората евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот.
По првите два сингл меча против Косово имаме недостижна предност од 2-0. Во првиот дуел Магдалена Стоилковска ја победи Веса Ѓинај со 2-1 во сетови (2-6, 6-4, 6-2) а веднаш потоа Лина Ѓорческа славеше против Форта Морина со 2-0 во сетови (6-1, 6-0).
Во двојки за нашата селекција ќе настапат Јана Божиновска и Ана Митевска против Веса Ѓинај и Адријана Лекај.

