Денеска на платото пред Ист Гејт Мол во Скопје, Македонскиот олимписки комитет одржува настан со кој се одбележува почетокот на одбројувањето до Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, најголемиот спортски настан во историјата на нашата држава, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули.

Програмата вклучува спортски и забавни активности за сите возрасти, како турнири во 3х3 баскет, интерактивни работилници и презентации поврзани со олимписките вредности. Настанот има и хуманитарен карактер, со посебен фокус на поддршка на семејствата погодени од неодамнешната трагедија во Кочани.

Настанот „100 дена до ЕМОФ“ претставува одлична можност за младите и сите љубители на спортот да се запознаат поблиску со концептот на Европскиот младински олимписки фестивал, неговото значење и влијание врз младинскиот спорт во Европа.





