Еден од најдобрите македонски атлетичари низ историјата, Дарио Ивановски денеска на маратонската трка на ЕП на друмски патеки во Белгија, успеа да го освои 13. место во силна конкуренција на 42 маратонци.
Ивановски маратонската трка ја истрча за 2:14,12 часа, а на истата победи Италијанецот Илијас Ауани со време 2:09,05 часа.
На ова ЕП во женска конкуренција настапи и Адријана Поп Арсова која на трката на 10 километри заврши на 74. место.

