Најдобриот макеоднски кајакар Ангел Петрушев и денеска ја продолжи доминацијата на 56. издание на Илинденскиот кајак слалом (ИКАС). На патеката Матка крај Скопје денеска на програмата беа трките кои се бодуваа за Светската ранг листа, а Петрушев повторно ја потврди доминацијата во дисциплкината К1 освојувајќи го првото место, исто како и на вчерашната трка ИКАС.
Петрушев денеска заврши пред Канаѓанецот Пери кој го освои второто место, додека трет финишираше Ѓорѓевиќ од Србија. Нашиот Стефан Рибарски имаше одлично возење и денеска заврши на 5. место.
Во женска конкуренција во К1 победи Словенката Ула Скок, пред Џемаили од Косово и Сепрењи од Унгарија. Нашата Марија Пановска се пласираше на 4. место.

