Менаџерот на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, го изостави од списокот голманот, Андре Онана, на вчерашниот меч против Њукасл.
Чуварот на мрежата направи клучни грешки на мечот против Лион во Лига Европа и Аморим не можеше да прејде преку тоа.
Португалскиот стратег планира да обезбеди нов играч на гол-линијата а во опција се Жоан Гарсија од Еспањол и Алекс Ремиро од Реал Сосиедад.

