Фудбалерот на ПСЖ, Осман Дембеле, пред реваншот со Астон Вила во 1 / 4 финалето во Лигата на шампионите, нагласи дека е задоволен од позицијата која ја има на теренот.
„Имам поголема прегледност пред голот и добро ми помагаат соиграчите. Не знам дали сум лидер на ПСЖ, но, јас сум еден од клучните играчи“ – рече црномурестиот напаѓач.
Имаме уште долг пат за да ја освоиме Лигата на шампионите. Тимот има силен карактер и никогаш не се предава“ – изјави Дембеле.

