Избраниците на Симоне Инзаги, фудбалерите на Интер, вечерва ќе треба само да избегнат пораз на домашен терен од Баерн Минхен за да се пласираат во полуфиналето на ЛШ. Тренерот на „нероаѕурите“ знае дека ништо не е решено и ќе бара од фудбалерите да почнат како да е 0:0.
„Дали има притисок? Да, но повеќе од голема гордост за начинот на кој се развива сезоната. Знаеме дека ќе биде многу тешко, ќе мора да го заборавиме резултатот во Минхен, но не и настапот: ја контролиравме топката, добро се браневме. Ја знаеме вредноста на противникот и ќе мора да одиграме одличен натпревар. Можеме да бидеме поагресивни во контролирањето на противникот, а во посед можеме да бидеме позлобни, да смислиме нешто друго”, вели Инзаги.

