Вечерва на нашиот најголем стадион ќе се одигра најавениот хуманитарен пријателски натпревар меѓу Вардар и Црвена ѕвезда. Средбата почнува од 20 часот и се очекува да го следат над 20.000 навивачи од трибините на Националната арена.
Целокупниот приход од продажбата на билети ќе биде дониран во хуманитарни цели – конкретно за помош на семејствата погодени од трагедијата што неодамна се случи во Кочани.
И Вардар и Ц. Звезда вечерва најавија интересен дуел на кој треба да се појават и дел од легендите на двата тима, меѓу кои имаше и такви кои го носеа дресот и на двата клуба.

