Фудбалерите на Вардар и Црвена ѕвезда од Белград одиграа пријателски натпревар на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје кој имаше и хуманитарен карактер бидејќи целиот приход од влезниците ќе биде дониран за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани.
Мечот имаше емотивен почеток а по 20-тина минути игра „Комити“ се истакнаа и со спектакуларна кореографија. На Западната трибина беше испишано „Кочани“, но и „благодарам“ на јазиците на сите земји кои испраќаа помош за Македонија по трагедијата.
На полувремето продефилираа повеќе легенди на двата клуба.
Средбата заврши со победа на гостите со 3-1. Голот за „црвено-црните“ го постигна Маневски додека за „црвено-белите“ погодија Илиќ, Катаи и Сремчевиќ.

