Тренерот на ракометарите на Алкалоид, Кире Лазаров, посакува победа во првиот меч против Рунар Сандефјорд во рамки на полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.
„Многу го анализиравме Рунар. Имаме информации кои ни покажуваат дека се работи за сериозна екипа со скандинавски стил кој не ни одговара многу и на клупско и на национално ниво. Рунар до полуфиналето дојде со победите против Целје, Бешикташ и Олимпијакос“ – рече Лазаров.
„Пласманот во полуфиналето со македонски сили секако дека е успех. Би бил задоволен со било каква победа во Скопје. Затоа што колку и да победите, мора да сте квалитетни во реваншот“ – изјави Лазаров пред мечот в недела во Скопје.

