Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани изјави дека „не можат да го променат минатото“ откако испаднаа од Лигата на шампионите, но „можеме да покажеме колку сме добри“ бидејќи тимот ќе се фокусира на својата преостаната цел за сезоната – враќање на титулата во Бундеслигата.
„Сакаме да искористиме се што можеме за да бидеме подобри во следниот натпревар. Секако дека сум многу мотивиран и гладен за успех. Не ми треба многу за да се вратам со полна енергија следниот ден“, рече Компани на прес-конференцијата пред следниот натпревар.
Сонот на Баерн да го игра финалето на домашен терен во Минхен на 31 мај заврши во средата по ремито 2:2 против Интер во реваншот од четвртфиналето на турнирот, бидејќи германскиот тим беше елиминиран со вкупни 3:4.
Компани рече: „Наша работа е да го прифатиме испаѓањето од Лигата на шампионите и да продолжиме на следниот натпревар“, кој е против Хајденхајм во сабота.
„Најдобро е што повторно играме толку брзо. Апсолутен приоритет сега е она што ќе го направиме во следните 90 минути против Хајденхајм“, категоричен беше тренерот на Баерн Минхен.

