Дарио Ивановски на националниот куп на Македонија постави нов државен рекорд на патеката од 10.000 метри.
Нашиот најдобар атлетичар обезбеди време од 29:31.27 минути на митингот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, со што стигна убедливо до првото место.
Ивановски за нешто повеќе од половина минута го подобри досегашниот рекорд кој исто така беше поставен од негова страна.

