Уго Орландо Гати, легендарниот фудбалски голман познат под прекарот „ Лудак“ почина на Велигден во Буенос Аирес на 81-годишна возраст.
Тој играше до 44-годишна возраст и има рекордни 765 настапи во првата лига . Гати дебитираше за Атланта во 1962 година. Потоа играше за Ривер Плата, Гимнасија Ла Плата и Унион Санта Фе, пред да отиде во Бока Јуниорс.
Гати одигра 18 натпревари за Аргентина од 1967 до 1977 година. Во 1982 година беше прогласен за најдобар аргентински фудбалер.

