Фудбалските натпревари од Серија А, Серија Б, Серија Ц, како и од младинските категории што требаше да се играат денеска се откажани поради смртта на Папата Франциск.
Тој почина денеска на 88-годишна возраст по долго боледување. Денов требаше да донесе четири натпревари во прволигашкото друштво: Торино-Удинезе, Калјари-Фиорентина, Џенова-Лацио и Парма-Јувентус.
Одложените мечеви веројатно ќе се реализираат кон крајот на наредниот месец.

