Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се надева дека фудбалерот, Букајо Сака, ќе биде подготвен за полуфиналето на Лигата на шампионите против францускиот Пари Сен Жермен. Натпреварите во елитната конкуренција на Европа ќе бидат одиграни на 29 април и 7 мај.
„Има мал проблем со глуждот но, се надевам дека не е ништо сериозно” – изјави Артета по вчерашната победа против Ипсвич во Премиер лигата.
Лондончани откако изминатата седмица го елиминираа Реал Мадрид во Лигата на шампионите, сега ги очекува пресметката во „светците“ од Париз.

