Kошаркарскиот клуб Баскет Дино оваа година го одбележува својот 21-ви роденден. Но, наместо да славиме, тагуваме. Трагедијата во „Пулс“ ни одзеде 62 живот меѓу нив и млади кошаркари, пријатели, членови на нашата заедница – објави екипата на социјалните мрежи
На 24 април, точно 40 дена по несреќата, Баскет Дино организира хуманитарен кошаркарски натпревар во нивна чест. На теренот ќе застанат поранешни и сегашни кошаркари обединети во љубов и почит.
Целосниот приход ќе биде дониран на семејствата на настраданите. Секој билет ќе биде повеќе од влез ќе биде симбол на солидарност, сочувство и заедничка болка, стои во објавата на Баскет Дино на „Фејсбук“.

