Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лестер Сити ќе избира меѓу три имиња за нов менаџер
    Фудбал

    Лестер Сити ќе избира меѓу три имиња за нов менаџер

    risteBy riste22/04/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Руд ван Нистелрој оваа недела има закажан состанок со раководството на англискиот фудбалски клуб Лестер Сити, но се очекува да остане на својата позиција до крајот на сезоната во Премиер лигата, пренесува „Скај Спортс“.

    После тоа, сепак, иднината на Холанѓанецот е нејасна, бидејќи двете страни не се подготвени да соработуваат во втората лига.

    Според „Скај Спортс“, Лестер има листа на кандидати за менаџерската позиција, а на неа водечки имиња се Ли Карсли, Дени Рол и Расел Мартин.

    Лестер нема да сака да го отпушти Ван Нистелрој на крајот на јуни бидејќи ќе се соочи со тешкотии со финансискиот фер-плеј. Тимот ги отплаќа и договорите на Стив Купер и неговите тројца помошници, кои добија отказ во ноември. Договорот на Ван Нистелрој е до 2027 година, а ќе треба да му биде платено обештетување.

    Лестер испадна од Премиер лигата откако изминатиот викенд загуби од Ливерпул со 0:1, а напаѓачот Џејми Варди ја опиша сезоната како „срамна“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.