Деновиве неколку светски медиуми објавија документ од далечната 2009 година, кој докажува дека Рафа Надал користел недозволени супстанци, кои наводно му биле припишувани за лекување.
Тогаш Шпанецот добил лекарска дозвола да ја користи забранетата супстанција бетаметазон заради лекување, бидејќи другите методи не дале резултат, се тврди во документот кој се појави во јавноста. Сепак, до ден никој не реагирал на овој допинг случај на Шпанецот.
Надал имаше тешка операција по која можеше да оди само со помош на патерици, а за неполни четири месеци на неверојатен начин го освои Австралија Опен. Долго време во неговата кариера се шпекулираше дека некои работи со третманите на Надал не се најчесни, но досега немаше никакви докази.
Рафа веќе некое време не игра тенис, но и понатаму често е во центарот на вниманието, особено сега откако му даде поддршка на Јаник Синер, по допинг случајот на Италијанецот.

