Новиот премиерлигаш Лидс Јунајтед би можел да го отпушти тренерот Даниел Фарке и покрај промоцијата во Премиер лигата.
Според „Дејли Меил“ раководството на клубот се сомнева дека тренерот ќе може да обезбеди опстанок на тимот во највисоката дивизија следната сезона. Конечната одлука се уште не е донесена, бидејќи промената на тренерот може да има непријатни последици, вклучително и од гледна точка на навивачите и атмосферата во клубот. Сепак, Лидс сега ги разгледува можните кандидати за тренерското место.
Фарке е еден од најуспешните менаџери во историјата на Чемпионшип, кој го предводеше не само Лидс, туку и Норвич Сити двапати до промоција. Во неговите три полни сезони во втората лига, тој освојуваше 94, 97 и 90 бодови. Лидс Ј. моментално има 94 бода со уште два натпревари до крајот на натпреварувањето.
Се зборува дека Жозе Мурињо е поврзуван со тренерското место во Лидс Ј.

