Нема сомнежи дека Виктор Осимен ќе биде голема трансфер цел на Јувентус за следната сезона. Кристијано Џунтоли го стави нигерискиот напаѓач на врвот на својата приоритетна листа и наскоро ќе започне офанзива со оглед на тоа дека играчот не е дел од плановите на Наполи и има јасни економски услови.
Клаузула од 75 милиони евра е примамлива за големите клубови, а Јувентус е во првите редови меѓу заинтересираните клубови. Сепак за да го врати Осимен во Италија ќе мора да ја победи конкуренцијата од неколку клубови кои тропаат на вратата на опкружувањето на фудбалерот во последните недели. Меѓу нив, најагресивен е Манчестер Јунајтед.

