Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е неизвесен за настап во финалниот натпревар од Купот на Шпанија против Барселона, кој ќе се одигра денеска, пренесува Радио Марка.
Според изворот, францускиот фудбалер се уште чувствува физичка непријатност, што било потврдено со направените тестови.
Мбапе го повреди скочниот зглоб на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал (1:2). Тој не учествуваше на тренингот на тимот во пресрет на натпреварот од 32. коло на шпанската Примера со Атлетик Билбао (1:0).
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на стадионот Олимпико Де Севиља – Ла Картуха во Севиља, а стартот е закажан за во 22 часот.

