Фудбалерот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, се соочува со многу строга казна по финалето на Кралскиот Куп против Барселона (2:3 по продолженијата).
Гневот на играчот кон судијата и неговиот обид да го удри со облога со мраз ќе го доведат во големи проблеми – казна што би можела да го чини помеѓу 4 и 12 натпревари. Постапките на фудбалерот беа откако тој веќе седна на клупата.
Според „Карусел Депортиво“, она што го направил Рудигер може да потпадне под член 101 од дисциплинските правилници, кој се однесува на дејствија против службени лица и предвидува суспензија до 12 натпревари.
Германскиот дефанзивец, не можејќи да го контролира својот гнев, беше снимен на камера како се обидува да фрли кеса со мраз кон судијата – сцена што брзо ескалираше пред неговите соиграчи да интервенираат за да го спречат да нападне.
Дефанзивецот најверојатно ќе ја добие поддршката од Реал Мадрид. Клубот веројатно ќе поднесе жалба за секаков вид суспензија, како што правеше и неодамна.

