Селекторот на женската сениорска одбојкарска репрезентација, Стефан Пауновиќ го објави поширокиот список на одбојкарки на кои ќе смета за престојните настапи на репрезентацијата во Сребрената Европска лига 2025 и квалификациските натпревари со Грција и Австрија за Европското првенство 2026.
На поширокиот список на селекторот на сениорките се најдоа 24 одбојкарки, од кои шест интернационалки, додека останатите репрезентативки настапуваат за најдобрите три домашни клубови во моментов Работнички Скопје, Јанта Волеј КВ и Наковски Волеј. Освен од овие екипи, тука се и Марија Лазарова од Струмица и капитенката на репрезентацијата, како и либерото Емилија Попјордановска која го носеше дресот на Газели Волеј сезонава.

Селекторот Пауновиќ и неговиот асистент Душко Деспотовски во текот на следната недела ќе го објават и потесниот список на одбојкарки. Собирот на девојките е закажан за 15 мај во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица.

