Селекцијата на фудбалски ветерани на Македонија триумфираше со 2:3 на ревијалниот меч што се одигра во Варна против ветераните на Бугарија. Овој натпревар имаше хуманитарен карактер и приходот од оваа средба беше наменет за семејствата на жртвите во големата трагедија во Кочани.
Бугарските ветерани предводени од легендарниот Христо Стоичков ја покренаа иницијативата што беше прифатена од страна на македонските фудбалери, кои на овој натпревар беа предводени од Горан Пандев.
Средбата мина во пријателска атмосфера, како што и се очекуваше кога на теренот се сретнаа старите пријатели, а некои и соиграчи. Според договорот се одиграа две полувремиња од по 35 минути, во кои Македонија славеше со победничкиот гол што го постигна Дарко Тасевски.
Ристо Божинов ги доведе нашите ветерани во водство од 0:1, Камбуров израмни од пенал во 38 минута од пенал, потоа Горан Пандев исто така од белата точка ја врати Македонија во предност. Петар Михтарски беше прецизен за 2:2, а Дарко Тасевски во 57. минута постигна гол за победа на Македонија.
Резултатот на овој натпевар секако беше во втор план, а оваа средба покажа дека спортот уште еднаш ги обедини ѕвездите од Бугарија и македонија за да помогнат по оваа трагедија.
Foto: Sportal.bg

