Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ: Не дозволуваме неколку клубови со уцени да го валкаат фудбалот
    Фудбал

    ФФМ: Не дозволуваме неколку клубови со уцени да го валкаат фудбалот

    risteBy riste27/04/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе со соопштение по повод напуштањето на терен од страна на фудбалскиот клуб Гостивар на мечот со Работнички. Домашните примија гол за 1:2, па решија да покажат револт од судењето и да се повлечат.

    Воедно, судиите во извештајот имаат наведено дека уште пред почетокот на средбата добиле закана за ваков епилог доколку не му одговара резултатот на домашниот тим.

    Во прилог, соопштението на ФФМ:

    „На денешниот натпревар од ПМФЛ меѓу Гостивар и Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на Гостивар. 
    ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот.
    Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите. 
    Вистината е документирана: во официјалниот записник е наведено дека уште предвреме претставник на ФК Гостивар ги известил судиите дека екипата ќе се повлече доколку резултатот не биде во нивна корист.

    Овој чин е смислен и намерен обид на одредени поединци кои поради финансиски побуди и неисполнети очекувања, избираат на најгруб начин да ја манипулираат јавноста и да ја деградираат фудбалската сцена.
    Очигледно е дека последните одлуки на Управниот одбор на ФФМ во кои јасно беше најавено расчистување со криминалот и корупцијата во македонскиот фудбал се директна причина за оваа срамна постапка.
    Тие кои со години беа навикнати на привилегии, денес, кога владеат правилниците, транспарентноста и фер-плејот, не можат да функционираат во регуларен систем.

    И покрај оваа неодговорна и кукавичка постапка, ја уверуваме јавноста дека регуларноста на Прва МФЛ нема да биде нарушена. Првенството ќе продолжи по правилата и прописите од натпреварувањето.
    Криминалните структури и нечистотијата во фудбалот ќе бидат целосно исчистени. 
    Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи уцени и притисоци.

    Напротив – ФФМ ќе излезе уште посилна од овие координирани подземни постапки што интензивно се случуваат во последните денови.
    Воска и Гостивар нема да бидат тие што ќе го валкаат македонскиот фудбал. Тие не го создале овој фудбал за да имаат право да го уништуваат. Секако, ќе завршат таму каде што навистина заслужуваат. 
    Нашата борба за чист фудбал нема враќање назад. Одиме до крај за регуларен, чесен и достоинствен македонски фудбал!“

    Натпреварот е официјално прекинат во 85. минута, а бодовите службено ќе ги добие Работнички.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.