Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, по поразот од Ливерпул вели дека неговите фудбалери не успеале да одговорат на големата борбеност и амбициите на новиот шампион на Англија.
„Честитки до Ливерпул. Беше навистина тешко за нас. Беа премногу добри. Се соочивме со високо мотивиран тим“ – рече Постекоглу.
„Во првото полувреме беше навистина разочарувачки како ги примивме головите. Откако поведоа, беше навистина тешко“ –рече тренерот на Тотенхем.

