Шпанецот Хулен Лопетеги е назначен за селектор на репрезентацијата на Катар. Поранешниот менаџер на англиските клубови Вест Хем и Вулверхемптон, кој кратко го водеше Реал Мадрид во 2018 година, потпиша договор до 2027 година, кога Азискиот куп ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Лопетеги го заменува својот сонародник Луис Гарсија, а неговите први натпревари како тренер ќе бидат против Иран и Узбекистан во јуни во квалификациите за Светското првенство следната година.
Најголемиот успех во кариерата на 58-годишниот специјалист е трофејот од Лигата на Европа освоен со Севиља во 2020 година. Тој ја водеше и шпанската репрезентација од 2016 до 2018 година, но беше отпуштен неколку дена пред Светското првенство во Русија откако се дозна дека тајно преговара за тренерската позиција во Реал Мадрид од Шпанската фудбалска асоцијација.

