Лондонски Тотенхем го отвори резултатот на домашен терен против норвешкиот Бодо- Глимт уште во првата минута од 1/2 финалето на Лигата на Европа (конечниот резултат беше 3:1).
Голот беше само втор во клупската историја на Тотенхем што беше постигнат во првата минута од голем европски натпревар, објави „Опта“.
Според статистичкиот оператор, првиот таков случај се случил пред 53 години – во декември 1971 година, Тотенхем постигна гол во првата минута од натпреварот од Купот на УЕФА против романскиот Рапид Букурешт.
Голот на Тотенхем на оваа средба беше постинат по само 39 секунди игра во Лондон.

