Легендарниот шпански навивач Маноло, кој навиваше за шпанската фудбалска репрезентација на 10 Светски првенства, почина на 76-годишна возраст.
Според „Марка“, Мануел Касерес-Артесеро починал во болница, каде што престојувал неколку дена поради проблеми со дишењето.
Маноло учествуваше на 18 големи натпреварувања на кои учествуваше шпанската репрезентација. Покрај 10 светски првенства, навивачот присуствувал и на осум европски првенства. На клупско ниво, Маноло навиваше за шпанскиот клуб Валенсија. Широката фудбалска јавност го паметеше по тоа што доаѓаше на натпревари со огромен тапан.

