Манчестер Јунајтед активно размислува за трансфер на германскиот репрезентативец Џонатан Тах ова лето, дознава „Скај Спортс њуз“ .
На дефанзивецот на Баер Леверкузен, кој настапи во над 50 натпревари за клубот и репрезентацијата оваа сезона, му истекува договорот на крајот на јуни. Баерн Минхен, Реал Мадрид и Барселона го следат 29-годишникот, кој објави дека ќе си замине од Леверкузен ова лето. Јунајтед сега се позиционира како кандидат за неговиот потпис, бидејќи има за цел да ја подобри својата игра и резултати во Премиер лигата следната сезона.
Сепак, шансите на Реал Мадрид за трансфер на Тах би можеле да бидат зголемени со очекуваното доаѓање на сегашниот тренер на Леверкузен, Чаби Алонсо, на „Бернабеу“.

