Најдобрата светска тенисерка во моментов, Арина Сабаленка, стигна до финалето на четвртиот турнир по ред.
На турнирот во Мадрид, таа ја победи Елина Свитолина со 6:3, 7:5 и успеа да се пласира во финалниот меч каде ја чека меч со Американката Коко Гауф.
Претходно, во Индијан Велс и Штутгарт, Сабаленка не успеа да ја освои титулата, губејќи во финалето, но во Мајами го крена победничкиот пехар. Таа, исто така, двапати ја освои титулата во Мадрид, во 2021 и 2023 година.
Таа стана третата тенисерка што стигнала до финале на Индијан Велс, Мајами и Мадрид во иста сезона – по Марија Шарапова во 2013 година и Серена Вилијамс во 2015 година.
Сабаленка е исто така петтиот играч во историјата кој победил на седум последователни полуфиналиња на Мастерсите од серијата 1000. Претходно, истото го направија и Каролина Возњацки, Викторија Азаренка, Марија Шарапова и Серена Вилијамс.

