Голманот на Брентфорд, Марк Флекен, влезе во историјата на Премиер лигата со необичен рекорд.
31-годишниот Холанѓанец и покрај тоа што има задача д аго чува голот на својата екипа, веќе има 9 асистенции оваа сезона, што нема направено ниту еден од неговите колеги во оваа лига.
Покрај тоа, на 33 натпревари од Премиер лигата, Флекен исто така има седум натпревари без примен гол.
Неговата екипа синоќа славеше на гостувањето кај Нотингем Форест со 2:0.

