Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја промени својата позиција и веќе ја прифати понудата да ја преземе функцијата тренер на бразилската репрезентација, објави „Диарио АС“. Иако одби минатата недела, италијанскиот специјалист сега постигна конечен договор со претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригез.
Според информациите, потпишувањето на договорот се очекува да се случи на 12 мај – денот по дербито со Барселона, кое би можело да биде одлучувачко за исходот од Ла Лига. Италијанецот сепак ќе остане на чело на Реал до крајот на сезоната.

