Тренерот на новиот фудбалски шампион на Англија, Арне Слот, им даде шанса на неколку млади фудбалери на гостувањето кај Челзи.
Ливерпул по освоената титула немаше многу мотиви на теренот на лондончани и загуби со 3 спрема 1. Во неговите редови се појавија дел од играчите што имаа мала минутажа во тековнава сезона од типот на Харви Елиот, Кванса и Ендо.
„Тие заслужуваат да играат бидејќи тренираа напорно цела сезона. Не можеме да им дадеме оценка само за овој натпревар“ – рече Слот.

